Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Џамбалаја

Џамбалаја
Време на подготовка : повеќе од 1 час
Вкупно време за подготовка : повеќе од 1 час
Состојки:
  • 1 парче пилешки гради
  • 150 гр. сушени колбаси
  • 200 гр. ракчиња
  • 2 супени лажици куркума (или вегета)
  • 2 супени лажици луто чили
  • 400 гр. ориз
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 бел кромид
  • 100 гр. бамји
Прочитај повеќе
Подготовка:

Џамбалајата се поврзува со неколку земји, но добро е позната како рецепт од Јужна Америка – сладок зеленчук зготвен со зачини и вкусна комбинација на пилешко месо, лути колбаси и ракчиња. Идеална комбинација!

Чекор 1: Овој рецепт е премногу лесен за подготовка со Делимано Експрес лонецот. Почнуваме со сечкањето. Пиперките ги сечкаме на ленти, кромидот крупно го сечкаме, а потоа го сечкаме и месото.

Колбасите исечкајте ги на кругчиња, а пилешкото на крупни парчиња.

Чекор 2: Сѐ заедно ставаме во Експрес лонецот. Ги додаваме коцката за супа, зачините и оризот. Убаво промешуваме и сето тоа го преливаме со топла вода.

Ставете го капакот на лонецот, наместете го регулаторот на 2 и почекајте да се создаде притисок и да се испушти пареата. Потоа намалете ја температурата на 1 или 2 и гответе 15 минути.

Чекор 3: Испуштете го притисокот пред да го тргнете капакот и оброкот е готов. Може да го сервирате во чинија. Навистина е толку едноставно.

СОВЕТ: Сигурно претпоставувате дека постојат неколку верзии на Џамбалаја и ако малку истражите ќе откриете многу варијации. Ние ви препорачуваме да не ги отфрлате ракчињата, освен доколку навистина не го сакате тој вкус. Комбинацијата на ракчиња и месо е навистина посебна.

Прочитај повеќе

Author : МоиРецепти