Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Клуб сендвич

Клуб сендвич
Време на подготовка : 20 minutes or less
Вкупно време за подготовка : 20 минути или помалку
Состојки:
  • 6 кришки бел леб
  • 1 голем домат
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 8 парчиња сланина
  • Листови зелена салата
  • Мајонез
  • Помфрит за сервирање
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло
Прочитај повеќе!
Подготовка:

Клуб сендвичот е Класика и може да се најде низ целиот свет во најразлични ресторани, хотели и кафетерии. Еве ја и нашата верзија за која мислиме дека е можеби најдобрата што сте ја пробале во животот! Пробајте ја дома!

Чекор 1: На почетокот ќе ги омекнеме пилешките гради. Тоа ќе го направи полесни за јадење, но и поголеми за да го наполнат целиот сендвич.

Ставете целофан врз пилешкото и удрете го неколку пати додека да биде подеднакво рамно. Ова е добра вежба за ослободување од вишокот напнатост!

Чекор 2: Тенко исечкајте го доматот. Потрудете се да земете навистина црвен и сочен домат.

Чекор 3: Белиот леб потпечете го во грил тавата. Оставете го неколку минути и потоа превртете го за да добиете убави златни линии на двете страни од лебот.

Кога лебот ќе биде готов, оставете ја тавата на оган и зачинете го пилешкото со сол, бибер и маслиново масло и убаво испечете го од двете страни. Ставете ги парчињата сланина покрај пилешкото и вртете ги за да се испечат рамномерно.

Чекор 4: Време е за сервирање: Ставете кришка потпечен леб на чинијата. ставете неколку листа зелена салата, неколку кришки домат и потоа ставете го парчето пилешки гради. Врз пилешкото ставете малку мајонез.

Потоа ставете уште една кришка леб, па листови зелена салата и кришки домат. Наредете ги парчињата сланина одозгора со уште малку мајонез за вкус. Поклопете го сендвичот со уште една кришка леб. Пресечете го и ставете малку помфрит во чинијата.

СОВЕТ: Ова навистина е крал на сендвичите. Тоа е комплетен оброк кој ќе ве засити неколку часа. Да бидеме искрени, нема ништо подобро од домашната верзија и овој рецепт бргу ќе Ви стане еден од омилените за домашна подготовка. Можеби никогаш повеќе нема да го нарачате на друго место!

Прочитај повеќе!

Author : МоиРецепти