Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Пастицио

Пастицио
Време на подготовка : повеќе од 1 час
Вкупно време за подготовка : повеќе од 1 час
Состојки:
  • 1 килограм мелено свинско месо
  • 1 супена лажица цимет
  • 1 супена лажица нане
  • 1 главица бел кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 грама сечкани домати
  • 300 грама пене паста
  • Литар и половина млеко
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица мелено морско оревче
  • 50 милилитри масло
  • 50 грама брашно
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло
Прочитај повеќе!
Подготовка:

Пастицио е традиционален Грчки рецепт кој наликува на лазања, но овде користиме само свинско месо и неколку традиционални вкусови од регионот како што се цимет, сушено нане и морско оревче. Лесен е за правење и се прави количина доволна за да нахраните мала војска!

Чекор 1: Првиот слој на пастициото се состои од варена паста. Сварете ја пастата во зовриена вода со малку маслиново масло и сол.

Чекор 2: Време е за сецкање: Ситно исечкајте 2 чешниња лук и една главица бел кромид. Ставете ги во тава за пржење со маслиново масло и додадете сол за да не загорат.

Потоа ставете го и меленото свинско месо. Постепено додавајте од месото во тавата и мешајте за тоа полека да зарумени. Ставете по 1 супена лажица цимет и сушено нане и измешајте. Овие вкусови на јадењето му даваат прекрасна арома. На крај ставете 400 грама сечкани домати и оставете ги состојките да крчкаат најмалку 5 минути.

Чекор 3: За да го направиме бешамел сосот користиме традиционална грчка верзија, во која во запршката наместо путер ставаме масло. Загрејте го маслото и во него постепено ставајте го брашното постојано мешајќи, а потоа полека сипувајте студено млеко за да го направите сосот.

Користиме многу млеко, но сакаме да направиме горен слој од богат сос врз пастициото. Изрендајте една супена лажица свежо морско оревче и на крај исклучете го огнот и ставете 2 јајца постојано мешајќи. Тоа ќе му даде дополнителна боја и ќе му помогне на преливот да се претвори во тврд слој за време на готвењето.

Чекор 4: Време е да го наредиме јадењето. Земете ја Делимано тавата за рерна и прво наредете ја варената пене паста. Потоа ставете го целото мелено свинско месо со лажица и распоредете го такашто ќе ги покрие и аглите. На крај, прелијте со бешамел сосот и ставете ја тавата во рерна на температура од 180 степени 35-40 минути, додека горниот слој да се стврде и на почне да заруменува.

Чекор 5: Извадете го јадењето од рерна и оставете го да отстои најмалку 1 час. Сакаме слоевите да слегнат за да можеме да го сечеме јадењето на парчиња за сервирање.

Чекор 6: Сервирајте на чинија со едноставна салата. Уживајте!

СОВЕТ: Овој рецепт треба да биде доволен за 8 луѓе и брзо ќе стане еден од омилените семејни рецепти. Можете да му дадете дополнителен вкус со рендање кашкавал одозгора, или пак да ставите солено сирење да се стопи во сосот додека се вари.

Прочитај повеќе!

Author : МоиРецепти