Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*
  • 100% Безбедно купување
  • Вистински избор
  • Плаќање на рати

Пилешки ражничи во маринада од лимон

Пилешки ражничи во маринада од лимон
Време на подготовка : повеќе од 1 час
Вкупно време за подготовка : повеќе од 1 час
Состојки:
  • 2 црвени пиперки
  • 2 главици црвен кромид
  • 3 лимона
  • 2 големи парчиња пилешки гради
  • 10 чери домати
  • 250 грамa јогурт
  • 11 супена лажица црвен пипер
  • Ќе Ви требаат уште и дрвени стапчиња за ражничи.
Прочитај повеќе!
Подготовка:

Не морате да чекате да дојде летото, во мирисот и вкусот на скарата можете да уживате во текот на целата година. Овој едноставен и здрав рецепт го приготвуваме на Делимано Електричната Скара која можете да ја вклучите во домот и да ја користите кога ќе посакате. Додадете ѝ на зимата малку сонце!

Чекор 1: Време е за сецкање: Да започнеме. Исечкајте го зеленчукот на коцки и оставете ги коцките на страна за ги наредите на стапчињата подоцна.

Исечкајте ги лимоните, кромидот и пиперките.

На крај, исечкајте го и пилешкото на коцки и спремни сме за маринадата. Ставете ги состојките во длабок сад со јогурт, сок од еден лимон и една супена лажица црвен пипер. Оставете го пилешкото да омекне во различните вкусови, ако е можно, преку ноќ.

Чекор 2: Кога пилешкото ќе биде спремно можеме да ги наредиме состојките на стапчињата за ражничи. Нема правило кога е во прашање редењето, но убаво изгледа ако коцките ги ставате во одреден редослед. Овој рецепт е за четири ражнича кои се доволни за двајца.

Чекор 3: Загрејте ја Електричната Скара на среден оган и почнете да ги печете ражничите. Вртете ги секои две минути. Ќе забележите дека тие почнуваат да добиваат боја, но дури и ако изгорат на некои места тоа на рецептот му дава дополнителен вкус. Најважно е пилешкото да се испече и одвнатре, па затоа вртете ги ражничите се додека не бидете сигурни дека е безбедно за јадење.

Чекор 4: Ова јадење ќе го сервираме со пита лепчиња, па затоа ставете ги на Електричната Скара вклучена на најсилен оган и потпечете ги пред да ги сервирате. Свртете ги неколку пати.

Чекор 5: Време е за сервирање: Ставете два ражнича на топло пита лепче со парче лимон како гарнир и спремни сте за ручек!

СОВЕТ: Навистина можете да го почувствувате вкусот на уличната храна и скарата во Вашата кујна со оваа електрична скара. Со неа готвењето е многу забавно и можете да ја ставите на средината на масата за гостите сами да си го направат јадењето!

Прочитај повеќе!

Author : МоиРецепти