Нема производи во вашата кошничка.

Делимано готви лесно за вас!

Делимано готви лесно за вас! - Придружете им се на милионите задоволни корисници.

Придружете им се на милионите задоволни корисници.

до -50%
 
[banner_timer]
 

Dolcevita Електрично ѓезве

Photo
Video

Задолжителен додаток за сечија кујна. Delimano Dolcevita Електричното ѓезве е единствениот избор за подготовка на македонско кафе. Изработен од база од нерѓосувачки челик, ова ѓезве има моќност од 870W и капацитет од 250мл, за 2-4 шолји кафе. Не сте фан на кафе? Користете го за подготовка на чај или топло чоколадо.

Dolcevita Електрично ѓезве
2.180,00 ден.
Изберете
Јавете ни се на 02 3094-556
Достапно на залиха. Време на испорака: до 7 работни дена.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Дополнителни информации
Кратко инфо

Задолжителен додаток за сечија кујна. Delimano Dolcevita Електричното ѓезве е единствениот избор за подготовка на македонско кафе. Изработен од база од нерѓосувачки челик, ова ѓезве има моќност од 870W и капацитет од 250мл, за 2-4 шолји кафе. Не сте фан на кафе? Користете го за подготовка на чај или топло чоколадо.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Уживајте во омиленото кафе или чај, со ова практично електрично ѓезве

Подгответе традиционално македонско кафе, во 21 век, со Delimano Dolcevita Електричното ѓезве. Ќе го добиете тој совршен вкус бидејќи функционира на ист начин и како класичното ѓезве, но, со помодерен дизајн и електрична нерѓсувачка основа која се истакнува од другите. И што е најважно, не ви е потребна кујна за да го подготвите омилениот напиток.

Кафе секаде каде што има штекер

Вкусно, жешко, црно кафе секаде каде што ќе посакате, во канцеларија, студентски дом, хотелска соба, работилница? Со Delimano Dolcevita Електричното ѓезве, можете да го подготвите омилениот напиток секаде, каде што имате штекер во близина. Само вклучете го ѓезвето и можете да почнете со подготовка на секаков вид топли пијалоци: кафе, какао или топло чоколадо. 870W моќност за зовривање вода за помалку од минута, за да ја имате посакуваната доза кофеин за неколку минути. .

250мл, вистинскиот капацитет за 2 или 4 помали шолји кафе

Delimano Dolcevita Електричното ѓезве е доволно големо за подготовка на 2 шолји кафе или за 4 помали. Безжичното ѓезве може да се извади од основата за да можете елегантно да го сервирате вашето кафе.

Сите безбедносни услови се исполнети

За подолг рок на траење, плочата која се загрева е изработена од нерѓосувачки челик, додека нелизгачкото дно, спречува истекување. Рачката мека на допир не се загрева, па вашите раце ќе бидат безбедни додека го сервирате пијалокот. Ѓезвето има и копче за вклучување и исклучување за да спречите прегревање без вода.

Прекрасен и практичен

Со својот елегантен дизајн, овој паметен, мал апарат совршено ќе се вклопи во вашата кујна и лесно може да се складира ако не го користите. Дури и можете да го чувате кабелот одоздола, па ќе изгледа средено и елегантно на вашата површина.

Дополнителни информации

Технички карактеристики:

  • 220‐230V~ 50/60Hz
  • Моќност 730‐870W
  • Капацитет 250 мл
  • Копче за вклучување и исклучување на основата
  • Сијаличка индикатор
  • 360 безжичен дизајн

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star