Powerful Juicer Соковник

Вклучете го овошјето и зеленчукот во вашата исхрана со чаша свежо исцеден сок со Delimano Powerful Juicer Соковникот. Го прави цедењето едноставно со големиот отвор за состојки. Моторот од 800 W, заедно со двете брзини лесно ќе ги исцедат морковите, портокалите, доматите или ѓумбирот, бидејќи ги процесира цели продукти за неколку секунди. Миењето е многу лесно.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Дополнителни информации
- Кратко инфо
-
Вклучете го овошјето и зеленчукот во вашата исхрана со чаша свежо исцеден сок со Delimano Powerful Juicer Соковникот. Го прави цедењето едноставно со големиот отвор за состојки. Моторот од 800 W, заедно со двете брзини лесно ќе ги исцедат морковите, портокалите, доматите или ѓумбирот, бидејќи ги процесира цели продукти за неколку секунди. Миењето е многу лесно.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Почастете се со чаша сок од овошје или зеленчук
Сите знаеме колку е вашно да се вклучи овошјето и зеленчукот во исхраната, а чаша свежо цеден сок е совршениот начин за да бидете сигурни дека ќе добивате сите потребни витамини, додека во исто време ги зачувувате сите хранливи материи. Delimano Powerful Juicer Соковникот помага лесно и брзо да го исцедите овошјето и зеленчукот, произведувајќи хранлив сок без додадени шеќери, вештачки вкусови или конзерванси.
Исцедете сок полн со витамини за многу кратко време
Го дизајниравме овој соковник за да го исцеди максималното од продуктите, со минимална работа. Исто така, нема потреба да ги сечете овошјето и зеленчукот, бидејќи отворот на соковникот е доволно голем за да ставите цело јаболко или излупен портокал во него, па така, нема да губите време на подготовка на состојките.
Овој прекрасен апарат има две брзини и копче за едноставна контрола со кое лесно ќе ја прилагодите брзината на дискот и ќе го исцедите максималното од вашите продукти. Изберете:
- брзина 1 со 10200 RPM (вртежи во минута) за помеко овошје, како банани, бобинки или лубеница,
- брзина 2 со 12500 RPM (вртежи во минута) за потврди продукти како ѓумбир, моркови или јаболка и
- OFF (исклучено) кога ќе завршите со цедење.
Делови од нерѓосувачки челик и моќност од 800 W
Delimano Powerful Juicer Соковникот има моќен мотор од 800 W и кошница со ситен филтер од нерѓосувачки челик. Големиот сад за пулпа има капацитет од 1500мл, додека садот за сок содржи до 750мл, што значи собира 2-3 чаши свежо исцеден сок.
Едноставно склопување и ефикасна употреба
Delimano Powerful Juicer Соковникот е лесен за склопување - само ставете ја цедалката и заклучете го капакот со безбедносниот систем за заклучување. Заштитате од капење и безбедносните карактеристики овозможуваат безбедна и чиста употреба. Кога ќе завршите, лесно ќе го измите, вклучивме четка за да можете да миете деловите под чешма, брзо и лесно. Кога не го користите, можете да ги чувате деловите во садот за пулпа.
- Дополнителни информации
-
Технички информации
- Моќност: 800 W
- Волтажа 220-240 V
- Фреквенција 50/60 Hz
- Капацитет на садот за сок: 750мл
- Капацитет на садот за пулпа: макс. 1700 мл, употреблив 1500 мл
- Отвор за состојки: дијаметар 75мм
- Брзина 1 - 10200 RPM и Брзина 2 – 12500 RPM
- Димензии на производот: 400 x 200 x 390мм