Dormeo Празнични Мини Бувчиња со чувства

Идеален подарок за радост кај најмалите но, и постарите, со празнични додатоци на семејството Бувчиња со чувства: Merry и Jolly! Секое бувче може да се користи како мека играчка или перница. Специјално подготвени за празничната сезона, со копче кое кога ќе го притиснете бувчете ќе ви ја испее »Jingle bells«.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Идеален подарок за радост кај најмалите но, и постарите, со празнични додатоци на семејството Бувчиња со чувства: Merry и Jolly! Секое бувче може да се користи како мека играчка или перница. Специјално подготвени за празничната сезона, со копче кое кога ќе го притиснете бувчете ќе ви ја испее »Jingle bells«.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Прекрасен подарок кој ќе донесе удобност и радост на оваа сезона
Се ближат Нова година и Божиќ, што значи дека е време да си набавите другарче за гушкање, кое секогаш ќе биде тука кога ќе ви биде потребен другар и кое е совршено за играње и спиење.
Dormeo Празнични Мини Бувчиња со чувства ги претвораат овие магични птици во две шармантни и меки играчки - Merry (бело) и Jolly (кафеаво) со карактери кои ја инспирираат самодовербата и радоста, пријатели кои секој би ги посакал. Совршени за спалната или детската соба, со висина од само 16см, доволно мали за да можете да ги понесете секаде со вас, за вашето малечко да може да ја има удобноста од дома.
Овие бувчиња со ограничено издание можат и да пеат
Jolly (кафеаво) и Merry (бело) имаат специјално копче - само притиснете го и целото семејство ќе ужива во »Jingle bells«, за прекрасно изненадување оваа празнична сезона.
Кои се Merry и Jolly?
Merry и Jolly се две нови бувчиња, со висина од 16см, во семејството на Dormeo Бувчиња со чувства кои илјадници деца низ Европа ги засакаа - благодарение на нивниот сладок изглед и разновидна употреба.
-
Merry
Хо хо хо, хо хо хо, тетка Merry е тука да ви посака Среќен Божиќ! Секога зима ова бело бувче долетува од далеку, за да помине скапоцено време со своето семејство. Таа ги штипка образите на дечињата, ѝ помага на мама да подготви вкусни оброци, го украсува дрвото со бомбони и прави илјадници фотографии од сите и сè.
Таа секогаш смислува нови игри за играње и тие секогаш стануваат семејна традиција, оваа година, таа ќе организира караоке бидејќи обожава да пее новогодишни песни, повеќе од сè на свет.
-
Jolly
Кафеавото бувче Jolly е забавниот и смешен вујко кој секогаш носи радости во празничната сезона. Тој обожава стари божиќни филмови, да прави картички со децата и да ги испраќа на други бувчиња и да пее божиќни песни.
Исто така, тој обожава ноќно возење со санката и правење на снежни бувчиња со моркови, наместо клунови. Семејството бувчиња секогаш има потреба од дополнителни колачиња и млеко за него, бидејќи тој ги сака повеќе дури и од Дедо Мраз. Иако Jolly носи подароци за целото семејство, неговиот најдобар подарок е неговата гласна и заразна смеа!
Вистинскиот дух на празниците лежи во детските срца
Dormeo Празничните Мини бувчиња Merry и Jolly се многу повеќе од меки играчки создадени за ширење на празничната радост. Тие ќе ги охрабра децата да научат и да го разберат вистинското значење на овие празници.
- Со помош на Merry и Jolly ќе ги научите децата дека магијата на Божиќ не се наоѓа под дрвото, туку во нашите срца. Ова е време кога се посветуваме на семејството, на споделување и подарување на подарокот кој е времето и создавање на заеднички спомени.
- Со помош на Merry и Jolly ќе го научите вашето семејство на вредности и традиции. Ова ја зајакнува врската помеѓу членовите на семејството, гради култура и наследство и помага во развојот на личниот идентитет на децата.
Тајната на овие неверојатни бувчиња е полнењето со Wellsleep® напредни микровлакна, истиот материјал кој Dormeo го користи во своите неверојатно меки перници. Уникатната структура на влакната создава воздушни џебови кои ги прават меки, лесни со неверојатен волумен кој ќе обожавате да го прегрнувате.
Навлаката на бувчето е изработена од 100% нежен материјал кој е одличен за кожата и ја задржува бојата.
Кажете здраво на Dormeo Празничните Бувчиња со чувства
Секое од овие бувчиња има свое другарче со висина од околу 33см, кое е шармантна и мека играчка, со скриено ќебе. Нели се преслатки?
-
- Технички карактеристики
-
Дормео програма дневна соба