Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Instant Water Heating Faucet - Проточен бојлер

Photo
Video
-13%
Топла вода во секое време. Делимано Инстант проточниот бојлер за миг ви загрева топла вода - заштедувате време, енергија и вода. Делимано Инстант проточниот бојлер се загрева за само неколку секунди. Потоа веќе имате топла вода која можете да ја користите без прекини.
Instant Water Heating Faucet - Проточен бојлер

Редовна цена: 2.990,00 ден.


Специјална цена: 2.590,00 ден.

Изберете
Јавете ни се на 02 3094-556
Достапно на залиха. Време на испорака: 3 до 5 работни дена.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Дополнителни информации
  • Технички карактеристики
Кратко инфо
Топла вода во секое време. Делимано Инстант проточниот бојлер за миг ви загрева топла вода - заштедувате време, енергија и вода. Делимано Инстант проточниот бојлер се загрева за само неколку секунди. Потоа веќе имате топла вода која можете да ја користите без прекини.
Дознајте повеќе
Детали за производот

Топла вода во секое време

Дали вашиот бојлер не функционира, или пак имате некаков проблем со водата? Ви треба топла вода во викендичката, помошниот тоалет, работилницата но не можете никако тоа да го направите? Делимано Инстант проточниот бојлер за многу кратко време ви обезбедува неограничено количество на топла вода.

Само наместете го на мијалникот, вклучете го во струја и топлата вода ќе почне да тече!

Топла вода во секое време

Делимано Инстант проточниот бојлер се загрева за само неколку секунди. Потоа веќе имате топла вода која можете да ја користите без прекини.

Едноставно и паметно решение за сите оние места во кои нема системи за загревање на водата!

Неограничено количество на топла вода со температура до 60 степени

Делимано проточниот бојлер ја загрева водата и до 60 степени едноставно со притискање на рачката. Црвената сијаличка е знак дека можете да почнете да ја користите топлата вода.

Ако ви треба ладна вода, едноставно свртете ја рачката наназад и ладната вода ќе почне да тече.

Едноставен и практичен за употреба.

Кога ја загревате водата во бојлери, таа останува таму подолг временски период. Со овој инстант проточен бојлер, водата е свежа во секое време. Тоа е бојлер и чешма во еден апарат.

За крај - овој бојлер го разубавува изгледот на вашата кујна

Благодарение на неговиот модерен и елегантен дизајн, Делимано Инстант проточниот бојлер се вклопува во секоја кујна и ја прави уникатно елегантна.

Се препорачува за:

  • оние кои живеат во станови без систем за загревање на водата
  • викендици, помошни тоалети, работилници
  • пред да ја наместите чешмата, задолжително осигурајте се дека има постојано и стабилно електрично напојување и стабилен притисок на водата.

Инстант топла вода

Со инстант топлата вода од чешма, заштедувате време, вода и енергија.

Автоматска контрола на загревањето

Овој бојлер има автоматска контрола на загревањето на водата, стандарден спроводник и е едноставен за местење.

Паметно и практично решение за заштеда на време, енергија и вода

  • Заштедете вода

    Стандардните бојлери трошат многу вода низ долгите цевки, додека пак Делимано Инстант проточниот бојлер ја загрева водата директно додека тече без да се губи низ цевките.

  • Заштедете енергија

    Делимано инстант проточниот бојлер не ја загрева водата претходно и нема губење на топлината низ цевките.

  • Заштедува време

    Водата се загрева за само 5 секунди, што ви заштедува многу време.

Користете го во кујната, бањата.....

Со овој проточен бојлер ќе добиете топла вода за само 5 секунди.

  • Наместете го во кујната и ќе имате инстант топла вода за супи, чај, кафе.
  • Пред да ја наместите чешмата, задолжително осигурајте се дека има постојано и стабилно електрично напојување и стабилен притисок на водата.
  • Во подрумот или во работилницата ќе можете да ги измиете нечистите раце со топла вода.

Со Делимано Инстант проточниот бојлер штедите време, енергија и вода.

Дополнителни информации

Технички карактеристики

  • Материјал: пластика, метал
  • Волтажа: 220-240V/50Hz
  • Моќност: 3KW
  • Притисок: 0.04-0.6MPa
  • Димензии: 125 x 70мм
  • Тежина: 772 гр
  • Кабел: 1 м
  • Со автоматски прекинувач, па вие не мора постојано да го вклучувате и исклучувате од струја.

Дополнителни информации пред употреба:

  1. Овој апарат е наменет за: домашна употреба, внатре, исклучиво за загревање на вода и единствено со постојан/стабилен доток на вода и заземјен извор на електрична енергија / на места: без ризик од замрзнување и подалеку од запаливи предмети (најмалку 0,4м).
  2. Никогаш: не го оставајте апаратот да работи без надзор
  3. Секогаш: оставајте ја рачката во затворена позиција по употреба и исклучете го од електрична енергија ако не се користи повеќе од еден ден.
  4. Ве молиме погледнете ги деловите „Предупредувања“, „Услови за монтирање“ и „Начини на монтирање“ за правилна инсталација. Доколку не ги почитувате горенаведените услови и предупредувања, може да се појави дефект на чешмата или/и сериозни лични повреди и/или оштетувања.
Технички карактеристики
Дополнителни информации ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
1. Овој апарат е наменет за: домашна употреба, внатре, исклучиво за загревање на вода и единствено со постојан/стабилен доток на вода и заземјен извор на електрична енергија / на места: без ризик од замрзнување и подалеку од запаливи предмети (најмалку 0,4м).

2. Никогаш: не го оставајте апаратот да работи без надзор / секогаш: оставајте ја рачката во затворена позиција по употреба и исклучете го од електрична енергија ако не се користи повеќе од еден ден.

Ве молиме погледнете ги деловите „Предупредувања“, „Услови за монтирање“ и „Начини на монтирање“ за правилна инсталација. Доколку не ги почитувате горенаведените услови и предупредувања, може да се појави дефект на чешмата или/и сериозни лични повреди и/или оштетувања.
Материјал PP, АБС, друго, не‘рѓосувачки челик
Моќност 3kW
Тежина 1 кг

Рецензии од купувачи 4 рецензии

4,8

14 рецензии

11-14 of 14

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

makedonka

www.topshop.com.mk

odlicen se spasiv od uklucuvawe na bojlerot

proizvodi

www.topshop.com.mk

proizvodot e super no bi sakala da znam kako bi se montiral, sakam da go stavam na umivalnikot, kako bi go stavila dali e so princip na lepewe ili mora da se izbusi umivalnikot

Beti

www.topshop.com.mk

Me interesira dali ima nekoj del sto treba da se menuva vo bojlerot i dali ima garancija, vo slucaj nesto da se rasipe.
Blagodaram

Steffan

www.topshop.com.mk

NESHTO NAJDOBRO DO SEGA,ODLICHNA SPRAVA,SMETKATA ZA STRUJA E ZA 500 DEN POMALA

11-14 of 14

Нашите продавници работат до 19 ч.

Нарачувајте онлајн 24/7 со достава до дома #останидома