Нема производи во вашата кошничка.

Мармалад од жолт и зелен лимон

Време на подготовка:

повеќе од 1 час

Вкупно време:

повеќе од 1 час

Состојки:
  • 7 жолти лимони
  • 6 зелени лимони
  • 1 килограм шеќер
  • 1 литар вода
  • 3 или 4 тегли за полнење
Прочитај повеќе
Подготовка:

Подготовката на џем и мармалад секогаш претставува уживање, бидејќи тогаш подготвувате нешто специјално кое ќе го поделите со пријателите и семејството. Во овој случај Делимано Експрес лонецот ја врши целата работа, па вие повеќе одмарате.

Чекор 1: Ставете добро измиени 7 жолти и 6 зелени лимони во Делимано Експрес лонецот и прелијте ги со 1 литар вода. Вклучете го Експрес лонецот на највисока температура додека да се подигне црвениот индикатор. Потоа наместете ја температурата на ниска или средна и варете 12 минути.

Чекор 2: Откако ќе завршите со варењето, испуштете ја пареата, тргнете го капакот и овошјето ставете го во ладна вода, а водата од експрес лонецот чувајте ја за подоцна.

Чекор 3: Почекајте овошјето да се олади и потоа со мал остар нож извадете ја внатрешноста , а корите ставете ги во посебна чинија.

Чекор 4: Внатрешноста од лимоните вратете ја низ цедалка во истата вода во која се вареле, обидувајќи се да исцедите што е можно повеќе од овошјето.

Чекор 5: Дел од кората ситно исечкајте ја и додадете ја во смесата, количината на кората е по желба.

Чекор 6: На крај додадете 1 килограм шеќер и оставете да врие околу 20 минути додека мармаладот да се згусне и да стане со структура на гел. Внимателно набљудувајте го додека се вари.

Чекор 7: Загрејте ги теглите во рерна пред во нив да го ставите мармаладот. Оставете го да се олади па потоа убаво затворете ги теглите. Послужете го со леб и путер и уживајте!

СОВЕТ: Рецептот за класичниот шпански мармалад од портокали е сличен со овој, па затоа пробајте ја и таа варијанта. Киселиот вкус на лимоните е неутрализиран со шеќерот. Можете да додадете и ѓумбир или виски за дополнителен вкус!

Прочитај повеќе

Author : МоиРецепти