Нема производи во вашата кошничка.

Локумадес

Време на подготовка:

повеќе од 1 час

Вкупно време:

повеќе од 1 час

Состојки:

За тесто:

  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 мало лажиче сол
  • 750 мл. топла вода
  • 1 кг. Брашно
  • 1 пакување сув квасец
  • 1 јајце
  • Сок од 1 лимон
  • Рендана кора од 1 лимон

За сируп:

  • 2 лажици мед
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици шеќер

Ќе ви треба и:

  • 1 литар масло за пржење
  • Дробени ореви за наросување
Прочитај повеќе
Подготовка:

Чекор 1: Во поголем сад за матење ставете го квасецот, солта,шеќерот, 1 мало лажиче брашно, и 250 милилитри топла вода. Почекајте 5-10 мин. да се активира квасецот.

Чекор 2: Откако квасецот се активирал, додадете ги останатите 500 милилитри топла вода, 1 јајце, кората и сокот од лимон, и измешајте убаво со жица.

Додадете го и брашното и мешајте со дрвена лажица да се соедини, ќе добиете прилично меко тесто.

Покријте го садот со пластична фолија и чиста крпа, и оставете го да стасува на топло место 1-2 часа, додека нарасне двојно повеќе.

Чекор 3: Додека расте тестото подгответе го сирупот. Во мал сад ставете ги сите состојки и загрејте ги на среден оган, да се стопи шеќерот и медот да стане течен. Оставете го подготвен за подоцна.

Чекор 4: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Flash Fry) пржење во масло и почекајте да се загрее маслото. Подгответе една чаша со вода покрај Гурметот.

Кога ќе се загрее маслото, со мала лажичка, која прво ќе ја ставите во водата, вадете од тестото и ставајте ги крофничките во загреаното масло. Превртувајте ги за да се испржат подеднакво од сите страни, додека да бидат златно-кафеави по боја.

Вадете ги со лажица - решетка и ставајте ги на хартиена салфетка да се исцедат од маснотијата.

Чекор 5: Послужете ги во длабок сад и прелијте ги со сирупот, па попрскајте ги со дробени ореви и цимет по желба.

СОВЕТ: Подготовката на овој рецепт одзема неколку часа и има повеќе постапки кои бараат внимание. Ви препорачуваме да ги подготвите во текот на викендот, затоа што излегува голема количина, а се уште повкусни кога се изладени во фрижидер!

Прочитај повеќе

Author : МоиРецепти