Нема производи во вашата кошничка.

4 прашања што треба да си ги поставите пред јадење

Ако сте дел од луѓето што се во вечна битка со килограмите, тогаш знаете колку е тешко да го одржите посакуваниот изглед и добрата форма, среде животниот хаос и бескрајните обврски. Сево ова можеби е поедноставно одошто мислите – пред секој оброк поставете си ги овие 4 прашања:

1. Дали сум гладен?

Се чини како глупаво прашање, бидејќи ако јадете, мора да сте гладни. Но, многу често се случува да посегнеме по храна затоа што ни е здодевно, затоа што е достапна (ќесата со чипс веќе е отворена), депресија, среќа или затоа што сте помислиле на некоја специфична храна. Но, ако сте јаделе неодамна, тогаш сигурно не сте гладни. Избегнете ги овие непотребни оброци во текот на денот.

2. Дали оваа храна исполнува некоја потреба во исхраната?

Јадеме за да преживееме. Тоа значи дека секоја храна што ја внесуваме во организмот треба да содржи хранливи материи и витамини кои ни се потребни за правилно функционирање. Покрај тоа што треба да биде здрава, исхраната треба да биде и избалансирана. Ако наутро јадете протеински појадок (јајца и јогурт), тогаш за ужина треба да јадете нешто што содржи растителни влакна, калиум и витамин А. Гледајте ги оброците и ужинките како сложувалка која треба да ја завршувате секој ден.

3. Дали порцијата е соодветно голема?

Време е за ужинка и вие јадете банана, двопек со путер од кикиритки, парче сирење и крекери. Иако оваа храна е здрава, содржи многу повеќе калории отколку што ви се потребни за ужинка. Во зависност од телесната тежина и колку се трудите да ослабете, ужинките треба да ги ограничите на приближно 150 калории, појадокот помеѓу 300 и 500, ручекот помеѓу 400 и 600 калории, а вечерата помеѓу 400 и 600.

4. Дали постојат поздрави алтернативи?

Можете да намачкате путер на обична кифла или пак можете да намачкате парче интегрален леб со путер од кикиритки. Објективно, не сме секогаш во можност да ја избереме поздравата опција, но треба да се трудиме тоа да биде така во најголем дел од случаите.