Нема производи во вашата кошничка.

Дали сте зависни од шеќер?

Шеќерот е еден од најголемите непријатели во битката со килограмите. Сите сме свесни дека шеќерот ги расипува забите и го пореметува нивото на шеќер во крвта, а сепак на моменти не можеме да се воздржиме. Дали и вие сте зависни од шеќер?

Во основа, сите јаглехидрати се шеќери. Но, не сите шеќери се еднакви. Шеќерите кои се користат во процесираната храна се генетски модифицирани или пак се работи за вештачки засалдувачи – во обата случаи, внесувањето на ваква храна го лишува телото од неопходните хранливи материи, а го полни со празни калории. Па, што треба да направите?

Одлучете се природната опција

Кога внесувате јаглехидрати, одберете интегрална (или по можност органска) храна, наместо процесираните верзии. На овој начин ќе ја задоволите потребата на телото за шеќер, но нема да ризикувате пад на нивото на шеќер во крвта.

Читајте ги етикетите

Секогаш барајте обични или незасладени верзии на основните јаглехидрати (мусли, вафли итн.). Муслите можат во себе да содржат подеднакво шеќер колку и просечно чоколадо, затоа внимателно одбирајте што јадете.

Изберете зачини наместо сосови

Сосовите во себе содржат огромни количини шеќер. За да додадете вкус на оброците, користете зачини во текот на приготвувањето, затоа што зачините, нормално, не содржат шеќери. Особено внимавајте на доматните сосови и преливите за салати – тие содржат најмногу шеќер и сол.

Внимавајте на јаглехидратите

Забележувајте колку јаглехидратите внесувате со секој оброк, наместо да целите на дневна доза. При секое јадење, обидете се да се ограничите на 15 до 30 грама. Пониската граница е идеална за оние што се помалку активни и луѓето кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина.