Нема производи во вашата кошничка.

Храна за појадок што го храни мозокот

Без разлика дали денот Ви почнува рано в зори или нешто подоцна, многу е важно да го започнете со квалитетен појадок што ќе Ви го потхрани мозокот и ќе Ви даде доволно енергија за целиот ден. Ова е особено важно доколку претходната вечер сте останале будни до подоцна, т.е. не сте доволно одморени.

Интегрални житарки со сушено овошје

Интегралните житарки (а не оние преполни со шеќер) можат да Ви помогнат да го одржите нивото на шеќер во крвта на нормалното ниво во текот на целиот ден. Додадете сушено овошје во интегралните житарки за да го зголемите внесот на растителни влакна и да ги засладите житарките на природен начин. Интегралните житарки се составени од комбинација житни зрна коишто најдобро го потхрануваат мозокот.

Омлет од белки со бело месо

Ако сте расположени за нешто зготвено, направете си омлет од белки и додадете бело месо за да го зголемите количеството на протеини. За подобар вкус додадете домати или друг зеленчук по изрбор. Ваков оброк со голема количина на протеини ќе Ви овозможи поголема концентрација, а може да спречи напад на глад пред ручекот.

Домашни мусли

Доколку не Ви се допаѓаат муслите што се продаваат, направете си свои. Измешајте суво грозје, бадеми, ореви, обичен овес, сецкани јаболка и јагоди и ќе добиете оброк што ќе го задоволи Вашиот глад. За потполно потхранување на мозокот, јадете ги овие мусли со соини млеко или обезмастено млеко, а засладете ги со мед (дококлу мора да ги засладите).

Пченичен леб со путер од кикирики

Пченичниот леб (или двопек) намачкан со путер од кикирики е одличен појадок за луѓето коишто сакаат солени, а не слатки оброци наутро. Купете природен путер од кикирики за да избегнете додавање нездрави масти и интегрален пченкарен леб за да добиете здрава доза растителни влакна. Јаглехидратите заедно со растителните влакна ќе го одржуваат нивото на шеќереот во крвта стабилно во текот на целиот ден. Протеините од путерот ја прави оваа комбинација одличен појадок.