Нема производи во вашата кошничка.

Правила на наградна игра “111 подароци за 11тиот роденден на Делимано!”

Во прилог Информации за начинот на приредување, односно спроведување на наградната игра:

Кој е организатор на наградната игра:

Организатор на наградната игра » 111 подароци за 11тиот роденден на Делимано!« е Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија, ЕМБС: 4905326, ЕДБ 4030994169662, (во понатамошниот текст - Организатор).

Назначување на производите заради чие рекламирање се приредува наградната игра:

Рекламирање на производите од асортиманот на “Делимано“ на организаторот СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје.

Име на наградната игра:

»111 подароци за 11тиот роденден на Делимано!«

Времетраење на наградната игра: од 11.10.2021 – 31.10.2021година.

Територија на наградната игра :   Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува на територијата на Република Северна Македонија.

Опис и содржина на потврдата врз чија основа се стекнува право на учество:

Право на учество во наградната игра имаат сите поединци што за времетраењето на наградната игра од 11.10.2021 – 31.10.2021година, купиле производ од брендот Делимано во малопродажба или преку купување на далечина. Со купувањето на производ, без разлика на неговата вредност, поединците се стекнуваат со право на добивање на 1 (еден) купон за учество, кој ќе биде продуциран во печатена форма. Купонот треба да се пополни со податоци за купувачот (име и презиме, телефонски број за контакт и е-мејл адреса) како и број на фактурата или фискалната сметка за купениот производ, и така пополнет купон купувачите ќе го пратат по пошта или ќе го остават во некоја од нашите продавници во периодот на времетраење на наградната игра . Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број на пати, но со користење на различни купони пополнети со податоци за купувачот и различен број на фактура или фискалната сметка за купен производ за времетраењето на наградната игра . Колку повеќе купуваат, толку повеќе шанси за награди за купувачите.

Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие сите Купони кои се направени на нелегален начин, репродуцирани, дуплирани,  и слично.

Правила за учество во наградната игра:

Право на учествоимаат сите полнолетни државјани на Р. СевернаМакедонијашто за времетраење на наградната игра купиле производ од брендот Делимано во малопродажба или преку купување на далечина. Со купувањето на производ, без разлика на неговата вредност, поединците се стекнуваат со право на добивање на купон за учество.

За учеството во наградната игра да биде валидно, купонот мора да се пополни со лични податоци на учесниците: ( Име, презиме, телефонски број за контакт, е-маил адреса ) како и бројот на фактурата или фискалната сметка за купениот производ и така пополнетиот купон за времетраењето на наградната игра почнувајќи од 11.10.2021 најдоцна до 31.10.2021 година, последен календарски ден, да се остави во одбележаните кутии во еден од продажните салони на организаторот, во малопродажба или со испраќање на Купоните по пошта на адреса на организаторот СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија,  кои треба да бидат примени во просториите на организаторот најкасно на денот на извлекувањето на 10.11.2021 година.

Тек на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на играта:

  1. Во период од 11.10.2021 – 31.10.2021година, секој поединец што ќе купи производ од Делимано, без разлика на неговата вредност, во малопродажната мрежа на организаторот или на далечина, ќе добие купон. За учеството да биде валидно, купонот мора да се пополни со лични податоци на учесниците: (Име, презиме, телефонски број за контакт и е-маил адреса) како и бројот на фактурата или фискалната сметка за купениот производ  и да се достави на адреса на организаторот СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија или да се остави во одбележаните кутии во еден од продажните салони, во малопродажба.
  2. Добитниците ќе бидат извлечени на ден 10.11.2021 година во 12:00 часот во просториите на организаторот присуство на тричлена комисија.
  3. По извлекувањето на добитниците, истите ќе бидат контактирани од страна на организаторот на телефонскиот број или е-маил кој е наведен во испратениот купон, со цел да се изврши проверка на бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување наведен во фискалната сметка .
  4. Наградите ќе бидат доставени од организаторот потполно бесплатно, до секој Добитник, кој ги доставил своите податоци за испорака на пратката.

Награден фонд на наградната игра

Наградниот фонд на наградната игра »111 подароци за 11тиот роденден на Делимано!« изнесува 222.680,oo денари, со вклучен ДДВ, со поединечна вредност наведена во табелата.

Начин на извлекување на добитници

Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се изврши на 10.11.2021 година во просториите на СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ СКОПЈЕ, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија, со почеток во 12:00 часот. 

На денот на извлекувањето Купоните оставени во сите продавници како и купоните кои се испратени по пошта за времетраењето на наградната игра а кои ќе пристигнат до денот на  извлекувањето , ќе се достават во просториите на организаторот СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија,  ќе се истурат во една поголема кутија наменета за извлекување.

Извлекувањето ќе се врши рачно од кутијата во која се внесени купоните, од страна на лице определено од страна на организаторот  СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје.

Ќе биде организирано едно извлекување и ќе биде извлечен по еден добитник за секоја награда. Исто така ќе бидат извлечени за секоја награда по еден резервен добитник.

Организаторот нема да сноси никаква одговорност за купоните со наведените лични податоци што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни.

Извлекувањето на добитникот на наградата ќе го контролира комисија составена од (3) три члена вработени кај организаторот, која за таа цел ќе биде формирана од организаторот.

Комисијата води записник во текот на извлекувањето.

Запознавање со наградната игра

Правилата на наградната игра ќе се објават на интернет страната https://www.delimano.com.mk, пред започнувањето на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.

Рекламирање на наградната игра

За рекламирање на оваа наградна игра и за запознавање на учесниците со наградната игра ќе се користат најразлични рекламни средства, флаери, рекламни спотови на медиуми, социјални мрежи и промоции во маркети.

Објавување на добитници

Добитниците на награди ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето на интернет страницата https://www.delimano.com.mk со објавување на името и презимето на добитниците на наградите. .

Добитниците на награди со самото учество во наградната игра се согласни доколку бидат извлечени за некоја награда, нивното име и презиме да бидат јавно објавени на горенаведената интернет страница.

По добивање на порака дека е добитник на награда, добитникот ќе биде контактиран од контакт центарот на Организаторот, на телефонскиот број преку кој е регистриран за учество, со цел да ги достави своите адресани податоци за достава на наградата.

Подигање на наградите

Организаторот преку телефонски број или е-маил пошта кој го имаат наведено на купоните ќе ги извести добитниците за наградите за кои се извлечени.

Наградата се доставува на адресата на добитникот која ја пријавил за достава . Во отсуство на контакт лице за прием при достава на наградата, на Добитниците ќе им биде оставена белешка со адреса на најблискиот продажен салон, каде што наградата може да се подигне со покажување на документи за лична идентификација. И во овој случај, Добитникот ја добива наградата потполно бесплатно. На барање на Добитникот, тој може лично да ја подигне својата награда на адреса на Организаторот: Студио Модерна ДООЕЛ Скопје, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија или да ја подигне во еден од продажните салони, во малопродажба.

За да може да се подигне наградата, добитникот мора да ја приложи пораката која ја добил од организаторот на телефонски број или е-маил за добиената награда . Доколку на овој начин купувачот не може да се идентификува, тогаш Организаторот може да побара лична карта или пасош за верификација. Доколку Добитникот одбие да го потврди својот идентитет, тој/таа го губи правото да ја добие освоената награда.

Доколку добитникот од која било причина не е во можност лично да ја подигне наградата од извлекувањето, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име , со претходно известување на Организаторот. Назначеното лице ќе може да ја подигне наградата на добитникот со приложување на пораката за добиена награда и овластување од добитникот (полномошно заверено на Нотар) дека го овластува лицето за подигање на наградата. Во тој случај ополномоштеното лице се идентификува со свој документи за идентификација.

Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.

Организаторот ќе им ги достави наградите на добитниците на домашна адреса во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите. По истекот на 60-те дена од извлекувањето, Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник.

Приговори

Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 7 дена од денот на објавувањето на добитниците.

Приговорот се поднесува исклучиво во писмена форма до организаторот на наградната игра на адреса СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ СКОПЈЕ, ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, Р.Северна Македонија.

Организаторот на наградната игра е должен во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот да одговори на истиот.

Замена на награди

Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предметни награди или други противвредности не е дозволена.

Прифаќање на правила за наградна игра

Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила, запознат е со начинот на учество на наградната игра, текот на спроведување на наградната игра и другите  правила  кои  се  однесуваат  на оваа наградна игра.

Проверка на валидноста на учеството

Организаторот го задржува правото на проверка на валидноста на учеството во наградната игра, како и правото за дисквалификација на учесниците коишто не ги почитуваат официјалните правила.

Наградата ќе биде доделена само ако добитникот има право на учество.

Користење на лични податоци

Организаторот е контролор на лични податоци.

Со самото учество во наградната игра секој учесник се согласува да од страна на Контролорот се обработуваат следниве лични податоци содржани во Купонот: (име и презиме, телефонски број за контакт и е-мејл адреса), а добитниците на наградни игри се согласни дека, покрај наведените податоциво Купонот да достават и адреса за достава, со цел достава на наградата на нивната адреса.

Добитниците на наградите со учество во наградната игра даваат согласност нивното име и презиме да бидат објавено на веб страната на https://www.delimano.com.mk на која ќе се објавуваат добитниците на наградите.  

Добитникот се согласува дека во случај да освои награда, неговото име и презиме и фотографија, да се објават на страниците на Организаторот со цел да се промовираат производите на Организаторот и играта за период определен од Организаторот.

Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на учесниците и добитниците исклучиво за целите на Наградната игра и тоа заради идентификација на добитникот, за проверка на неговото право за учество во наградната игра и за испораката на наградата и доколку е потребно вршење на увид во лична карта за да се утврди идентитетот на добитникот.

Со ова добитникот е согласен овие лични податоци (име, презиме, адреса) да бидат проследени и до правно лице(курирска служба) по избор на Организаторот заради испораката на наградата. 

Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци на учесниците содржани во Купоните ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршување на наградната игра  , освен личните податоци на добитниците на награднати игра содржани во составениот Комисиски записник кои ќе го чува во рок од 10 (десет) години . Во овој период Контролорот ќе ги применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедат соодветен степен на тајност и заштита на личните податоци на субјектите на личните податоци. После тоа истите од страна на Маркетинг менаџерот кај Организаторот задолжен за наградната игра ќе ги уништи согласно процедурите за уништување на документи, а според прописите за заштита на лични податоци.

Организаторот ја гарантира безбедноста на личните податоци на Учесниците - тие нема да се користат или да се даваат на трети страни без нивна согласност, според Законот за заштита на личните податоци, освен ако тоа не е потребно со закон, по писмено барање на судот или на друг надлежен државен орган.

Учесникот е одговорен за точноста и правилноста на дадените податоци и е должен благовремено да го информира Организаторот за каква било промена на истите.

Доколку Учесникот сака да ги оствари своите права поврзани со обработката на личните податоци, правото за ограничување на обработката на личните податоци, правото да се спротивстави на обработката, правото на преносливост на податоци, правото за пристап, отстранување и точни лични податоци, тој / таа треба да контактира со Офицерот за заштита на податоците на Организаторот на dpo-mk@@studio-moderna.com.

Одговорност на организаторот

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра според неговото убедување.

Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност, потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки, сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

Организаторот не е одговорен за каква било штета од нецелосни или неправилно пополнети (погрешни) податоци на Учесникот (е-пошта и / или име, презиме), како и од објективни или независни од страна на Организаторот причини за неможност да стапат во контакт со Добитникот.

Согласност на учесникот

Со учество во наградната игра, секој Учесник изјавува, потврдува и се согласува со следново:

а. Дека е свесен, прифаќа и се обврзува да ги почитува условите и правила на играта;

б. Дека ги исполнува условите за учество во играта и се согласува доброволно да учествува во неа;

в. Дека тој доброволно, за целите на своето учество во наградната игра »111 подароци за 11тиот роденден на Делимано!«, му ги доставил на Организаторот своите лични податоци и податоци за контакт(име и презиме, телефонски број за контакт и е-мејл адреса), а добитниците на наградни игри се согласни дека, покрај наведените податоциво Купонот да достават и адреса за достава, со цел достава на наградата на нивната адреса што можат да претставуваат „лични податоци“ во рамките на значење на Законот за заштита на личните податоци. Добитниците се согласни овие лични податоци, да бидат проследени до операторот за контакт на Организаторот, како и до правното лице (курирската служба) кое ја организира испораката на наградите.

г. Добиникот се согласува дека во случај да освои награда, неговите податоци и фотографија, ќе се објават на страниците на Организаторот со цел да се промовираат производите на Организаторот и играта за период определен од Органиаторот.

д. Дека е свесен за одредбите за заштита на личните податоци на поединци според Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, како и фактот дека Организаторот е контролор на лични податоци во смисла на Законот за заштита на личните податоци.

ѓ. Учесникот се согласува дека е запознаен со Политиката за приватност и заштита на личните податоци на Организаторот, лоцирана на https://www.topshop.com.mk/zastita-na-licni-podatoci/, се согласува со тоа и го прифаќа.

Даночни обврски

Даночните обврски за добитниците на наградите ги плаќа организаторот на наградната игра, во име и за сметка на добитникот.

Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани за наградите.

Забрана за учество во наградната игра

Право на учество во Наградната игра немаат лицата вработени и/или по друг основ ангажирани во СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје, како и нивните потесни семејства, и тоа : родител, дете, брат, сестра и брачен/вонбрачен другар, Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост  правилата на наградната игра.

Применлив закон и надлежност

Страните можат да ги користат сите средства предвидени во законодавството на Република Северна Македонија за заштита на нивните права и интереси, а во случај на спор поврзан со овие официјални правила, месно и стварно надлежен е Основниот Суд во Скопје.

Прекинување на наградната игра

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

Прекинување на учеството во Наградната игра

  1. Учесник во играта може да побара отстранување (откажување) на учество во играта во секое време во текот на нејзиното одржување. За таа цел, тој мора да ја изрази својата желба преку е-пошта на info@delimano.com.mk. На овој начин, тој одбива да учествува во иднина.
  2. Доколку Учесникот сака неговите лични податоци да не бидат обработени од страна на Организаторот, ова може да се побара од Офицерот за заштита лични податоци на следниов е-маил: dpo-mk@@studio-moderna.com .

Важност на правилата на наградната игра

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра.

Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.

Скопје, 09.09.2021 година

Организатор

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје

Ирина Угринова Слабева п.п.