Нема производи во вашата кошничка.

Прославете го светскиот ден на Нутела

Дали обожавате Нутела? Тогаш претпоставуваме дека 5ти февруари ќе биде еден од вашите омилени денови оваа година! Ние го прославуваме светскиот ден на Нутела со овој рецепт за домашна Нутела. Секако дека е полесно само да ја отворите теглата отколку да направите домашна Нутела, но на тој начин ќе имате поздрав и повкусен десерт. Дали сте подготвени?

Дали обожавате Нутела? Тогаш претпоставуваме дека 5ти февруари ќе биде еден од вашите омилени денови оваа година! Ние го прославуваме светскиот ден на Нутела со овој рецепт за домашна Нутела. Секако дека е полесно само да ја отворите теглата отколку да направите домашна Нутела, но на тој начин ќе имате поздрав и повкусен десерт. Дали сте подготвени?

Како да направите домашна Нутела?

Состојки:

  • ⅔ шолја печени лешници
  • ¾ шолја засладено кондензирано млеко
  • ½ шолја темно чоколадо, ситно исечкано
  • 3 големи лажици мед

Рецепт:

Најпрво испечете ги лешниците; дури и ако сте купиле печени лешници, уште подобра опција ќе биде да ги испечете уште малку за да го истакнете вкусот. Само ставете ги во однапред загреана рерна на 175 °C и печете ги 10 минути, со повремено мешање.

Откако ќе ги испечете лешниците оставете ги да се изладат и подгответе ги другите состојки. За ова ќе ви треба квалитетен и моќен процесор на храна. Ставете ги испечените лешници во процесорот и вклучете го. Во првите две минути ќе имате мелени лешници, потоа ќе добиете смеса од лешници и 5 минути подоцна би требало да добиете течна смеса.

Измешајте и проверете дали има грутки. Сега е време да го додадете чоколадото: стопете го чоколадото (тоа може да го направите во микробранова печка или пак на шпорет). Откако чоколадото ќе се стопи, додадете го кондензираното млеко и медот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Додадете го топлиот чоколаден крем во процесорот и блендирајте уште една или две минути. Откако смесата ќе стане кремаста и сјајна – вашата домашна Нутела е готова! Ако сакате да има поинтензивен вкус додадете малку сол.

И ако се воздржите и не ја изедете цела, тогаш може да ја чувате во фрижидер до 1 месец.

Ако навистина, ама навистина сакате Нутела…

… но немате време за да го направите овој рецепт, ќе ви откриеме неколку интересни факти за Нутелата. Ако ги прочитате овие факти и сè уште не сакате да си направите домашна Нутела, тогаш вие не сте вистински фан на Нутела!

Не смеете да го крстите вашето дете Нутела

Пред сè да расчистиме дека не смеете да го крстите вашето дете Нутела – посебно ако живеете во Франција. Неодамна едно семејство сакаше да го стори тоа но заврши на суд, па потоа го прекрсти детето. Па затоа колку и да сте фан на ова слатко задоволство, не смеете да го искористите името за да го крстите своето дете – за жал.

Нутелата може да се запали.

Можеби е чудно, но Нутелата може да се запали. Но дали навистина сакате да го направите тоа? Наместо да тестирате дали ова е вистина, подобро ќе биде да направите палачинки и да ги премачкате со Нутела или едноставно да земете лажица и да уживате.

На секои 2,5 секунди се продава по една тегла Нутела

Ако сте вистински фан на Нутела тогаш најверојатно сте винови за оваа бројка нели? Добро е да се знае дека не сте единствениот кој сака Нутела, а уште подобро е да знаете дека таа е попопуларна од бебињата: едно бебе се раѓа на секои 8 секунди. Можеме да го разбереме тоа: Нутелата не плаче и не треба да и ја менувате облеката. Освен ако теглата не е празна.

Дали Нутелата е различна ширум светот?

Не знаеме! Ова е една од најголемите мистерии кога станува збор за феноменот Нутела. Некои извори велат дека различни земји користат различни формули за да произведат Нутела, но не постои никаква официјална изјава дали тоа е вистина или не. Постои еден начин за да се реши проблемот, треба да ги пробаме сите Нутели во целиот свет. Тоа е тешка работа, но некој мора да ја заврши.