Air Fryer Prime Апарат за готвење и Storm Vac Правосмукалка
Air Fryer Prime Апаратот за готвење ви овозможува да приготвувате голем број на јадења без масло. Корпата има капацитет 4,4л., тајмер за готвење до 60 минути и контрола на температурата од 80 до 200 степени. Rovus Storm Vac Правосмукалката го олеснувa чистењето на нередот низ домот. 3во1 правосмукалката која може да се користи како вертикална, рачна или полу-рачна правосмукалка.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Дополнителни информации
- Кратко инфо
-
Air Fryer Prime Апаратот за готвење ви овозможува да приготвувате голем број на јадења без масло. Корпата има капацитет 4,4л., тајмер за готвење до 60 минути и контрола на температурата од 80 до 200 степени. Rovus Storm Vac Правосмукалката го олеснувa чистењето на нередот низ домот. 3во1 правосмукалката која може да се користи како вертикална, рачна или полу-рачна правосмукалка.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Елеганција, вкус и здравје
Со Air Fryer Prime Апаратот, здравото готвење никогаш не било толку лесно и едноставно. Користете ја прецизната контрола на температурата и тајмерот за да создадете вкусни оброци без напор. Чистење? Сите делови се безбедни за миење во машина за садови. Од семејни оброци па се до собири со пријателите, Air Fryer Prime Апаратот за готвење е ваш сигурен придружник на секој настан. Откријте го задоволството од готвењето со овој апарат кој не само што ги подобрува вкусовите, туку и го чува здравјето на вас и вашите најблиски!
Здраво готвење.
Во моменти кога здравјето и вкусот се во центарот на вниманието, Air Fryer Prime Апаратот за готвење без масло поттикнува поздрав начин на живот. Овој апарат нуди лесен метод за подготовка на вкусна и крцкава храна без користење масло. Комбинацијата на напредна технологија и софистициран дизајн, го прави Air Fryer Prime Апаратот за готвење, неопходен дел од сечија кујна.

Што може да подготвувате со Air Fryer Prime?
Подгответе најразновидни оброци за Вас и вашите најмили. Можете да подготвите стек, јајца, компири, пилешко, печива, предјадења и други јадења со многу малку или воопшто без масло.
Висока температура, за крцкава храна
Циклонската циркулација на супер топол воздух предизвикува храната да се готви рамномерно и да биде крцкава однадвор и сочна одвнатре. Другата добра работа е што овој апарат се загрева побрзо од обичните рерни. Можете да ја поставите температурата од 80 до 200 °C

Паметен и лесен начин на чистење
Дали вашата правосмукалка е тешка и мачна за преместување? Дали со неа тешко се чистат дебелите теписи, аглите или просторот под мебелот? Тогаш, време е да ја погледнете новата Rovus Storm Vac Правосмукалка- лесно, повеќенаменско и моќно решение за чистење на домот, во компактно и стилско пакување.
-
3во1 дизајн
-
ХЕПА филтер
-
Дизајн без ќеси
-
5м кабел
3-во-1 дизајн за да исчистите секаде во домот
Rovus Storm Vac Правосмукалката е паметно дизајнирана з да ви обезбеди повеќенаменска правосмукалка за најдобра цена. Додатоците кои лесно се местат прават оваа правосмукалката брзо и лесно да се претвори од вертикална во рачна. Заедно со класичната папуча, со низок профил за да ја собере под мебелот и додатокот за тесни отвори, лесно ќе ги исчистите тешко достапните места во домот каде што се собираат трошки, прашина, влакна од миленици и др. Со кабел од 5м, ќе можете да чистите без да треба често да го преместувате кабелот од еден во друг штекер.
ХЕПА филтер за почист воздух
Воздухот која секоја правосмукалка го всмукува мора да излезе пак надвор, а тука, постарите машини често создаваат проблем бидејќи ги враќаат микрочестичките прашина назад во воздухот, предизвикувајќи алергии и иритации. Rovus Storm Vac Правосмукалката едноставно ги заробува прашинските грини, спорите на мувла, прашината од милениците и друго, со помош на ХЕПА филтерот, активно намалувајќи го загадувањето на воздухот во домот. А кога филтерот ќе се извалка, можете да го изадите, исперете и повторно да го користите.
Лесна за одржување, без ќеси
Не е само филтерот тој што ја прави правосмукалката лесна за одржување, туку овој дизајн без ќеси, кој ви штеди време и пари бидејќи повеќе нема да купувате ќеси. Проѕирниот сад за прашина од 700мл ви овозможува да видите кога треба да се испразни, па така, ќе овозможите вашата правосмукалка секогаш да работи со полна сила. Садот се празни со притискање на едно копче.
- Дополнителни информации
Технички карактеристики Air Fryer Prime Апарат:
- Моќност: 1180-1400W
- Напон: 220-240V, 50/60Hz
- Вкупен капацитет: 4,4л.
- Температурен ранг: 80-200 °C
- Тајмер: 1-60 мин.
- Заштита од прегревање.
Технички карактеристики Storm Vac Правосмукалка:
- Моќност: 600 W,
- Волтажа: 220 – 240 V AC,
- Фреквенција: 50-60 Hz,
- Капацитет на садот за отпад: 700 мл.
- Моќ на всмукување: 15 kPa
- Хепа филтер
- Должина на кабел: 5м.
-











