Нема производи во вашата кошничка.

Оксидацијата и хранливите состојки

Не можеме да го сокриеме воодушевувањето од најновиот вакумски блендер од Делимано.

Овој вакум-блендер и протектор на хранливи состојки е развиен за да се справи со потребата на луѓето што сакаат да ја максимизираат исхраната, да го извлечат најдоброто од нивните здрави рецепти, но и да ги намалат последиците предизвикани од оксидацијата.

Овој нов вакум блендер и протектор на хранливи состојки од Делимано, ни помага да направиме сокови, смути, каши и сосови од овошје и зеленчук со подолг рок на траење. Со тоа што е намалена оксидацијата, рокот на траење на хранливите состојки е продолжен.

Секако дека кислородот е неопходен за сите живи суштества, нè одржува и овозможува многу физиолошки процеси во нашите тела. Но, кога станува збор за храната, тој е клучен реактор во оксидативните процеси што ги разградуваат виталните хранливи материи и вкусови. Со овој вакум блендер и протектор на хранливи состојки од Делимано, ние го вадиме максимумот од хранливите состојки на најдолг можен рок. 

Делимано Мултифреш мудро ја користи науката и разбирањето на основните процеси на храната за да го подобри нашето здравје, само со едноставно отстранување на целиот кислород уште пред храната да започне да се блендира.

Оксидацијата ги намалува придобивките од свежата, здрава храна и може да го намали витаминот Ц, што е навистина огромна штета за таков витален имунолошки засилувач и заштитник на клетките. А зошто да ги толерираме овие прогресивни влошувања на храната што ја консумираме, кога неколку умни луѓе развија одлично решение за овој проблем - Делимано Мултифреш, вакуум блендер и протектор на хранливи состојки?

Делимано Мултифреш работи слично како и стандардниот блендер, но со посебен метод за отстранување на кислородот од состојките пред да ги измеша. Со ефикасно создавање на вакум, се отстрануваат воздушните меурчиња во состојките, со што супите, соковите и сите сосови и каши може да останат во фрижидер за подоцнежна употреба без значително губење на вкусот или хранливоста.

Првото нешто што забележувате со употребата на Делимано Мултифреш е богатата, живописна палета на бои кај блендираната храна. Соковите подготвени со традиционален блендер ќе се раздвојат и обезбојат релативно брзо заради водухот. Доколку го споредиме вкусот на храната од традиционален блендер и Мултифреш, веднаш се забележува дека храната во Мултифреш нема пена, не оксидира, не ја губи бојата, не се двои, помазна е, со конзистентна текстура и со неодолив вкус.

Во денешно време, кога сите го бараме најдоброто и најсвежото во исхраната, Делимано Мултифреш е сигурна инвестиција во нашето и здравјето на нашите најблиски.