Нема производи во вашата кошничка.

Старото, добро лепче

Можеби некогаш и сами ќе посакате да направите некој помалку вообичаен и кај нас помалку познат вид леб. Прочитајте неколку правила за подготовка на леб и пробајте од старите, испробани, но малку познати рецепти за необични видови леб.

Основни правила за убаво подготвен леб:

  • Пекарите велат дека лебот е најубав кога се прави со меко брашно.
  • Брашното од кое ќе го направите лебот треба да биде чувано на собна температура (ако е ладно, оставете го да отстои на потопло).
  • Секогаш пред месењето просејте го брашното-така ќе се загрее и ќе впие повеќе воздух, што е и добро за нараснување на тестото.
  • Ако за лебот користите свеж квасец, тој не смее да биде сув, ниту пак, стврднат. Сувиот квасец не смее да биде постар од 6 месеци. За 1 кг брашно обично е доволно 30 гр.свеж или 15гр.сув квасец.
  • Солта никогаш не треба да се меша со квасецот, зашто тоа го успорува процесот на вриење. Најдобро е солта да се измеша со брашното, па потоа да се додаде квасецот.
  • Квасецот најдобро расте ако прво го помешате со малку шеќер и ако го разматите со млака вода или млеко, па потоа да се остави да стои на топло.
  • Многу е важно, пред и по нараснувањето, тестото добро да се измеси.
  • Тестото кое нараснува не смее да се остави на провев.
  • Одличен леб се добива ако тестото се замеси 1 ден порано и се остава забавено да скисне, во фрижидер или на друго студено место. Но, таквото тесто треба потоа подолго време да се меси.
  • Лебот ќе има одлична кора ако, додека се пече, во рерната со него има и сад со врела вода. Ако е тоа неизводливо, тогаш, пред лебот целосно да се испече, треба одозгора да се накваси со раце, па да се врати да се допече.
  • Кората на лебот ќе биде крцкава ако испечениот леб го оставите да се лади на жичана решетка.