Нема производи во вашата кошничка.

Зошто вакум блендер?

Во женско друштво, особено меѓу мајките, има најмалку една другарка која е најзагрижена за исхраната на своето семејство. Многумина би рекле дури и премногу. Не само што се грижи за тоа што купува (задолжително органско, непрскано), туку и како и каде ја чува храната и како ја обработува.

Мислите ли дека е доволно да ставите храна во фрижидер или да ја покриете со фолија?

Сте се излажале!

Знаеме колку фрижидерот им го олесни животот на нашите баби и мајки да чуваат намирници без страв дека ќе треба да ги фрлат. Сепак, современиот животен стил направи нашите навики во исхраната драстично да се сменат. Повеќе не се готви толку често или кога е готова, таа храна не стои долго.

Кога правиме смути или домашна кашичка за нашите бебиња, сакаме да ја зачуваме на најдобар можен начин, така што таа ќе биде безбедна за здравјето и ќе ги задржи своите хранливи состојки до максимум.

Барајќи блендер што ќе ни овозможи повкусни смутиња, помазна текстура и подолготрајна свежина, го испробавме новиот Делимано Мултифреш - вакум блендер и протектор на хранливи состојки кој прави смути во кое нема пена, не оксидира, не ја губи бојата, не се двои, помазно е, со конзистентна текстура и неодолив вкус, со многу повеќе витамини уште во моментот на подготовка, а ги зачувува дури и по 48 часа, кога го чуваме во фрижидер.

Но, тој не е само вакум блендер. Тој е 5 апарати во 1, бидејќи ги врши функциите и како апарат за обично блендирање, апарат за мелење, апарат за вакумирање, а згора на сè и како апарат кој подготвува здрави крем супи од зеленчук, на температура од 70°C!

Делимано Мултифреш вакум блендерот овозможува да ги направите вашите омилени сокови, смутиња, сосови и каши однапред, сигурни во сознанието дека тие ќе останат вкусни и хранливи уште долго.

На крајот, се чини дека многумина од нас со овој вакуум блендер и протектор на хранливи состојки со поголема веројатност ќе се придржуваат кон намерата да консумираат повеќе здрава храна. А и за сите останати љубители на здрава храна, посветени мајки, спортисти, зафатени бизнисмени, ова е уште еден неверојатно возбудлив изум од Делимано, зарем не?!?

Прочитајте повеќе на www.delimano.com.mk